Платформата „Кариерен пат“ е креирана во рамки на проектот „Чекор кон кариера од соништата“, како медиум меѓу младите и бизнис секторот. Целта на веб платформата е да ги поврзе младите заинтересирани за пракса, job shadowing или вработување со компаниите кои нудат такви можности.
Платформа овозможува секој дел од процесот, од објавување на оглас од страна на компаниите, подготовка и испраќање на апликации од страна на апликантите, процес на селекција на кандидатите, до комуникацијата помеѓу апликантите и компаниите, да се извршат директно и едноставно преку неа.