
Моите очекувања како практикант во Младите Можат беа исполнети дури и надминати, научив многу нови работи и стекнав нови вештини, како што се: пишување на официјално писмо, како подобро да ги делегирам обврските, ги подобрив своите комуникациски вештини.
Главните обврски ги знаев уште од самиот почеток,ми беа јасно пренесени и претставени.Не е потребно многу за да се исполнат целите и обврските, олеснителна околност беше пријатниот професионален однос, но и пријателски со многу разбирање.
Сметам дека платформата Кариерен пат е адекватна за сите оние кои сакаат да научат нови работи и да стекнат нови искуства.
Моето време поминато како практикант во Младите Можат претставува одлично искуство и отскочна даска за мојот професионален живот. Успеав да се стекнам со нови вештини, како што се подготовка на месечен план за работа, мобилизирање и менаџирање на членови на организација, и секако да ги надоградам веќе постоечките вештини.
За да сте сигурни дека сте ја пронашле работата која ја посакувате прво треба да го пронајдете вашето "икигаи" што означува „причина за постоење“ или „причина за будење“.Терминот е составен од два збора: „ики“ што значи живот и „гаи“ што значи вредност.
Прочитај повеќеНајдобрата кариера или работна позиција за вас е онаа во која ги користите вештините во кои уживате. Но, не секоја работа треба да ги содржи сите ваши страсти. Искористете ја секоја позиција или област како можност да научите нешто ново и да имате отворен ум; можеби ќе откриете дека навистина уживате во нешто што не сте замислувале дека ќе ве привлече.
Прочитај повеќеОсновно животно правило е дека секој е чувар на својата среќа и креатор на својот успех. Ниту еден успех не доаѓа без прифаќање ризици и неуспесите кои се нужни за да го извлечете од нив најдоброто и вложување труд. Предусловите за вработување ги диктирате вие самите почнувајќи од мотивацијата за континуирано образование.
Прочитај повеќе